Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС), Амер Капетановиќ, денеска во Дубровник се сретна со заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, на маргините на Дубровничкиот форум, повторно потврдувајќи ја мисијата на СРС за промоција на европската и евроатлантската интеграција како пат кон мирот, безбедноста и просперитетот во Југоисточна Европа, информираат од Советот за регионална соработка (СРС). Средбата, како што велат, ја нагласила важноста на силната регионална соработка за обезбедување долгорочна отпорност, стабилност и безбедност на Западен Балкан. Puls24