Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС), Амер Капетановиќ, денеска во Дубровник се сретна со заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, на маргините на Дубровничкиот форум, повторно потврдувајќи ја мисијата на СРС за промоција на европската и евроатлантската интеграција како пат кон мирот, безбедноста и просперитетот во Југоисточна Европа, информираат од Советот за регионална соработка (СРС). Средбата, како што велат, ја нагласила важноста на силната регионална соработка за обезбедување долгорочна отпорност, стабилност и безбедност на Западен Балкан. Libertas
Ја реафирмирала и посветеноста на НАТО за поддршка на овие напори и унапредување на заедничката цел за безбеден и отпорен Западен Балкан.
Во контекст на идните активности, Капетановиќ најавил дека Советот во ноември ќе биде домаќин на најголемиот регионален безбедносен собир, неформално познат како „Jumbo Security“, кој ќе ги обедини носителите на политики, безбедносните експерти и партнерите, со цел унапредување на регионалната соработка и отпорноста во актуелните критични моменти за Југоисточна Европа. Brif
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС), Амер Капетановиќ, денеска во Дубровник се сретна со заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, на маргините на Дубровничкиот форум, повторно потврдувајќи ја мисијата на СРС за промоција на европската и евроатлантската интеграција како пат кон мирот, безбедноста и просперитетот во Југоисточна Европа, информираат од Советот за регионална соработка (СРС). Средбата, како што велат, ја нагласила важноста на силната регионална соработка за обезбедување долгорочна отпорност, стабилност и безбедност на Западен Балкан.
Разговорите се фокусираа на зајакнување на регионалната соработка во насока на справување со заедничките безбедносни предизвици, од хибридни закани до подготвеност за кризи и институционална отпорност, се вели во денешното соопштение. Puls24