Анкетата на АЕК е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија. Kurir
Приближно една четвртина или 24,3 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот оператор, а потполно задоволни се 40,1 процент од нив.
Писмен приговор упатиле само еден процент од испитаниците, стои во резултати од анкетата на АЕК. Inovativnost
Advertisement - Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на претплатниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации.
Анкетата била спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, претплатници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.- Advertisement - Според анкетата, кај 34,1 процент од домаќинствата, интернет пристап користат малолетни лица, при што во 80,7 проценти од случаите, малолетните лица секојдневно го користат интернетот во домаќинството. Inovativnost