Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години, корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.
Во поглед на задоволството од квалитетот на услугите кои ги користат испитаниците, најголемо сумирано задоволство постои за услугата мобилна телефонија со 79,6 проценти, потоа телевизија со 72,9 проценти и интернет со 70 проценти, додека најниско задоволство постои од квалитетот за фиксна телефонија, 69,3 проценти, се наведува во анкетата. Biznisvesti
Според анкетата, фиксна телефонија користат 38,8 проценти, од кои поголем дел или 53,6 проценти ја користат услугата преку Македонски Телеком, а 39,8 проценти преку А1 операторот, 4,9 проценти преку Телекабел, додека 1,6 проценти преку Неотел.
Приближно 70 проценти од испитаниците се задоволни од квалитетот на услугите, при што 75,6 проценти од испитаниците се изјасниле дека повторно би го одбрале тековниот оператор. Denesen