Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на комисиската расправа за ребаланост на буџетот за 2025 година година истакна дека по три дена расправа се зборуваше за се, а најмалку за сите битни бројки и параметри кои ја носат државата далеку од фамозното четврто место според растот на БДП.
Несомнено е евидентно дека овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента и базиран на нереални макроекономски проекции, очајни капитални расходи и евидентно прекршени фискални правила, нагласи Лукаревска додавајќи дека дефицитот останува на првична проекција од четири проценти од БДП, а инфлацијата ќе порасне од 2,2 на 2,8%. Истакна дека стапките на економски раст се превисоко поставени за да дадат погрешна слика за големината на номиналниот БДП и проекциите на буџетскиот дефицит на јавниот долг се темелат на ваквиот бомбастичен БДП излегуваат помали и тоа според владата стапката на економски раст е 3,7% светска банка прогнозира 2,6%, а народна банка 3%. Во 2021 година растот беше 4,5%, без фалби а сега се прави спектакл за три проценти, рече Лукаревска.