Во однос на домашните фактори, забавената реализација на предвидените реформи и капитални инвестиции може да го одложи очекуваното динамизирање на економската активност.
Ризиците за проекцијата на инфлацијата се поврзани со движењата на цените на примарните производи, односно раст на истите поради геополитичките фактори и нарушувања во синџирот на снабдување, рече Јанкуловски. Kurir
Зголемувањето на расходите до крајот на годината за околу 3,5 милијарди денари, појасни Јанкуловски, подразбира реалокација на средства помеѓу буџетски корисници, користење на сопствените приходи со цел непречено тековно работење, односно се обезбедија дополнителни средства за проекти од област на животната средина, поддршка во енергетиката, културата и образованието, набавка на инсулин и медицинска опрема, дообезбедување на средства за непречена исплата на плати, пред се наменети за финансирање на платите во Министерството за внатрешни работи, зголемен трансфер до Фондот за ПИОМ од Централен Буџет со цел непречено финансирање и исполнување на обврските на Фондот за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци, како и дообезбедување на средства за капитални расходи кај институции за проекти со поинтензивна реализација, пред се во Министерството за одбрана.
Јанкуловски најави дека со ребалансот продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините за капитални инфраструктурни проекти, зголемување на нивната финансиска стабилност, поволности и стимулација за општините кои имаат планирани буџети, висок степен на реализација, како и висок степен на наплата на локалните даноци и подобрена методологија за пресметка на трошоците за тековно одржување. Kanal5
Значителен импулс се очекува и од реализацијата на приватните инвестиции во производни и извозни капацитети преку обезбедените средства под исклучително поволни услови, имајќи во вид дека само во првите пет месеци од годината повлеченa е половина од предвидениот износ.
Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 2,6 проценти во 2025 година, во услови на реален раст на платите и вработеноста, раст на кредитирањето и одржување на солидно ниво на приватни трансфери, и како резултат на зголемените пензии во март 2025 година, со што се заокружи предвиденото зголемување од 5.000 денари. Kanal5
Нарушената доверба на меѓународно ниво може да ги забави одлуките на компаниите за реализација на планираните инвестиции.
Во однос на домашните фактори, забавената реализација на предвидените реформи и капитални инвестиции може да го одложи очекуваното динамизирање на економската активност. Kanal5
Врз основа на најновите податоци за растот на БДП во првиот квартал од 2025 година, кои покажуваат континуирана стабилност и позитивен тренд, заедно со податоците за останатите макроекономски индикатори и позитивните резултати во наплатата на даночните приходи, не се очекуваат значајни отстапувања од планираните даночни приходи, наведе Јанкуловски.
Дополнителен придонес кон остварувањето на планираните даночните приходи се очекува да дадат заложбите за поголема наплата на средствата во државниот буџет, намалувањето на сивата економија, засилената даночна и царинска контрола, како и со поедноставувањето и дигитализацијата на даночните и царинските процедури. Kanal5
Како што нагласи Јанкуловски, годинава се очекува понатамошно стабилизирање на инфлацијата проектирана со ребалансот на ниво од 2,8 проценти.
Иако на почетокот од 2025 година беше регистриран нагорен тренд на инфлацијата поради притисокот од прехранбената компонента, мерките кои Владата ги донесе за ограничување на маржите, придонесоа кон значително забавување на цените во март и април. Kanal5
Буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 41,3 милијарди денари, односно 4 проценти од БДП, а отстапувањето од фискалното правило е резултат на обезбедување на неопходни средства наменети за исплата на обврски од законски решенија и договори, како и за финансирање на инфраструктурни проекти.
Зголемувањето на расходите до крајот на годината за околу 3,5 милијарди денари, појасни Јанкуловски, подразбира реалокација на средства помеѓу буџетски корисници, користење на сопствените приходи со цел непречено тековно работење, односно се обезбедија дополнителни средства за проекти од област на животната средина, поддршка во енергетиката, културата и образованието, набавка на инсулин и медицинска опрема, дообезбедување на средства за непречена исплата на плати, пред се наменети за финансирање на платите во Министерството за внатрешни работи, зголемен трансфер до Фондот за ПИОМ од Централен Буџет со цел непречено финансирање и исполнување на обврските на Фондот за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци, како и дообезбедување на средства за капитални расходи кај институции за проекти со поинтензивна реализација, пред се во Министерството за одбрана. Kanal5
Се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит, рече денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на почетокот на дебатата за ребалансот воп собраниската Комисија за финансирање и буџет. Kanal5
Во измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година планирано е да се реализираат околу 30,6 милијарди денари по основ на неданочни приходи (административни такси, концесии, уплата од Народната банка и други неданочни приходи), околу 2,8 милијарди денари од капитални приходи (по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком), како и 9,7 милијарди денари по основ на донации кон буџетските корисници за конкретни проекти и од повлекувања од предпристапните фондови на ЕУ. Социјалните придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско и здравствено осигурување и на Агенцијата за вработување се планирани во износ од 117,1 милијарди денари, непроменети во однос на придонесите планирани со Буџетот за 2025 година.
Буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 41,3 милијарди денари, односно 4 проценти од БДП, а отстапувањето од фискалното правило е резултат на обезбедување на неопходни средства наменети за исплата на обврски од законски решенија и договори, како и за финансирање на инфраструктурни проекти. Kanal5