„Од горенаведените аспекти, бараме од Министерството за животна средина и просторно планирање од инвеститорот да побара: Извештај за спроведен мониторинг на биолошката разновидност во времетраење од 12 месеци на локациите каде е планирана изградбата на проектите; Извештај од спроведен мониторинг на водниот тек, изработен од експерт хидролог со кој ќе се утврди еколошкиот проток за реката Дошница; Предлог мерки за заштита кои се однесуваат на пределот опфатен со идното заштитено подрачје; Предлог техничка изведба на рибна патека, која треба да биде изработена од стручни лица и експерти во областа на ихтиофауната; Изработка на нови елаборати за животна средина за двете хидроцентрали со вклучување на аспектот на еколошки проток, со цел избегнување на штети врз екосистемот на реката Дошница“, се вели во писмото. Fokus