Данската амбасадорка призна дека пред неколку месеци имало замор во проширувањето и оти нејзината земја била таа што не верувала во проширувањето, но, според неа, тоа сега променило.
Сега имаме една единствена порака – дојде време да се здружиме, да бидеме обединети, и да продолжиме со проширувањто како еден од главните приоритети на данското претседателство Под концептот за безбедна Европа е нашата спосаобност да се одбраниме – заклучи амбасадорката на Данска. Novamakedonija
Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време.
Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и да ве поддржиме тоа да се случи, истакна данската амбасадорка за земјава со седиште во Белград, Перниле Деилер Кардел, претставувајќи ги приоритетите на данското претседателство пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. Denesen