Во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва по повод празникот посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец ќе се служи Празнична вечерна богослужба. Sitel
Покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од другите вероисповести кои го почитуваат делото на Свети Наум Охридски.
Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ се наоѓа на триесетина километри јужно од Охрид, на најјужната точка на Охридското Езеро. Plusinfo