Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
61
24.46
30.63
16.67/3.78
61.00
20.12
0.33
5322.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 61
122 ■ 0.99/0.01 ■ 7 ■ 498.7
Best clustering variants
122 0.99/0.01 7 498.7
Libertas

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на партија за претстојните локални избори.

Во Општина Карбинци кандидат за градоначалник ќе биде Љупка Соколовска, во Општина Василево ќе биде Ванчо Новоселски, во Општина Сопиште кандидат ќе биде Звонко Васев (претседател на општинска организација на СДСМ Сопиште), во Општине Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски (поранешен градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година), Општина Охрид ќе биде д-р. Асен Шајн (претседател на ОО СДСМ Охрид), во Општина Демир Хисар – Златко Кузмановски (претседател на ОО СДСМ Демир Хисар), во Општина Струмица ќе биде Марјан Даскаловски (претседател на ОО СДСМ Струмица), во Општина Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски (претседател на ОО СДСМ Дебрца). -Во следните две недели, верувам дека околу две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Libertas

06:30 h 03-Jul-2025
  • Добивај вести на Viber По објавата дека ќе го замрзне членството во СДСМ, доцна синоќа уште еднаш се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
  • ◉ КОСТАДИНОВ УШТЕ ЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ ДОЦНА СИНОЌА: „Ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување“
18:40 h 02-Jul-2025
  • Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов се обрати на социјалните мрежи откако лидерот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека тој нема да биде кандидат за нов мандат.
  • Костадинов: Мојата партиска припадност во СДСМ од денес е замрзната
08:17 h 01-Jul-2025
  • Новинарот Драган Павловиќ Латас преку јавна објава на социјалните мрежи најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, обвинувајќи го за, како што наведува, „повик на убиство“ и „илустрирање со крв“.
  • Ескалира конфликтот меѓу Латас и Костадинов: Ако си маж, дојди, а поттикот на убиство е кривично дело
05:51 h
  • Новинарот Драган Павловиќ-Латас одговори на заканите од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.
  • Латас со одговор до Костадинов: Нека го изврши убиството сам
Vecer

Функционерот на СДСМ - градоначалник Костадин Костадинов, преку комјутерски, информатички систем (социјалната мрежа Фејсбук) јавно објави експлицитни закани по животот на новинарот Драган Павловиќ Латас, на ден 29.06.2025 година (принт скрин во прилог). Од експлицитните закани од градоначалникот Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ Латас издвојуваме:- Кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо - ќе ти дојде наплатата !!- Цела фамилија те чека за суд што ние го држиме !!- Правдата се зема !!- Осветата ќе си ја добиеш!!Освен овие експлицитни закани од Костадин Костадинов, неговиот статус е преполн и со имлицитни закани за животот на новинарот Драган Павловиќ Латас.Јавното обвинителство е должно по службена должност веднаш и неодложно да преземе мерки против градоначалникот Костадин Костадинов кој во свое име и во име на целата негова фамилија изврши закани по повеќе основи од Кривичниот законик:-Согласно член 122, став 9 од Кривичнот законик, новинар е службено лице.-Согласно член 143 од КЗ, Костадинов како градоначалник врши малтретирање во вршење на службата-Согласно член 144 - Загрозување на сигурноста, Костадинов врши серизони закани дека ќе нападне по став 1, став 3, став 4, а во врска со член 123 од Кривичниот законик за кривични дела против животот и телото.-Истовремено, согласно член 382 од Кривичниот законик, Костадинов спречува службено лице во вршење на службено дејствие (член 1, 2 и 4)-Согласно член 392 - самовластие, Костадинов се заканува во свое име и во името на неговата фамилија (став 1, 2 и 3). Дополнително на ова, неговиот статус со експлицитни закани по животот и безбедноста на новинарот Драган Павловиќ Латас, поттикнува закани по животот и насилство и од други лица, што е видливо и од коментарите на неговиот пост.

(принтскрин во прилог)Затоа, бараме неодложно и веднаш, јавното обвинителство по службена должност и по ова наше јавно известување да преземе дејствија кон градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.СДСМ да се извини и да се огради – партијата има долг историјат на насилство против новинариВо изминатите 7-8 години, Македонија забележа невиден пад во индексот на слободата на медиумите до ниво на хибриден режим и во 2024 година, а минатата година, како последна од власта на СДСМ, забележа пад од 6 места во однос на 2023 година. Vecer