Оваа одлука следи по барање на српскиот патријархот г.г. Порфириј кој во официјална кореспонденција со митрополитот Тихон, побара Православната црква во Америка, согласно Томосот даден од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Канцелариите на митрополитот Тихон и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се во комуникација и планираат сослужување помеѓу двајцата претстоители, кое ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ во Вашингтон.
Ова сослужување, како што информираше митрополитот Тихон на Сеамериканскиот Собор, ќе биде крунисано со свечено признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која го зазема своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква – се вели во известувањето на официјалната веб странница на Православната црква во Америка. Telma
Највисокиот црковен совет на Православната црква во Америка донесе решение за прифаќање на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и воспоставување потполно евхаристичко единство со нејзините епископи, свештеници и верници. Iportal
▷ На вонредна седница одржана на 21 мај 2025 година, Светиот синод на Православната црква во Америка (ПЦА) донесе историска одлука: да ја признае канонскоста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката стапи на сила веднаш и подразбира целосно евхаристиско и канонско општење со сите архијереи, свештеници и верници на МПЦ-ОА. Оваа значајна одлука беше соопштена на целата од страна на Неговата Блаженост, Митрополитот Тихон, во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој се одржува оваа недела во Финикс, Аризона. Plusinfo