Па, еве, да ве потсетам како се работи домаќински со само неколку факти… За БДП-то веќе ви споменав – раст од 3 % за само една година; Раст во услужниот сектор од 2,2%; Раст на индустријата од 2,1 %; Раст на градежништвото од 7,1 %; Раст во земјоделството од 0,7 %; Понатаму – имаме раст на нето платите, и тоа: здравствена и социјална заштита – 14,7 %, образование – 14,4 %, администрација – 13 %; Понатаму – додека во ваше време дочекавме и двоцифрена инфлација со бројот 2 напред, истата во првите 5 месеци од оваа година изнесуваше 3,7 проценти. Kurir