Можам да нагласам дека Грција стави на располагање на државата два „канадски“ авиони, кои ќе се користат за гаснење на пожарите, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку механизмот на ЕУ“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.Тошковски, сепак, нагласи дека поголемиот дел од пожарите се ставени под контрола, истакнувајќи дека припадници на противпожарните единици, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Армијата и Центарот за управување со кризи се постојано на терен.