А, пред се наша приоритетна цел е заштитата на потрошувачите, односно заштитата на граѓаните на Република Македонија “ , рече Влатко Стојкоски, организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државен пазарен инспекторат на денешната трибина во Струмица на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’. Стојкоски посочи дека од први ноември 2024 година до први јули 2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши над 18 илјади надзори по правни субјекти, каде што се изречени над 4500 мерки, односно над 110 милиони денари издадени платни налози и над 150 издадени решенија за забрана за вршење на дејност. Skopje1