Соопштение за јавност на СДСМ: Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП. За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, дома тука, не доведоа во една ваква ситуација.
СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски, дека е директно одговорен за, како што велат, „бришењето на македонскиот јазик“ од извештајот на Европскиот парламент и за повторното отворање на прашањето за јазикот на Македонија во европските институции.
Добивај вести на Viber Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.