Во делот на општина Центар навистина ова е во некоја фаза би рекол на шпекулација, за многу кратко време ќе се затвори овој процес, барем од наша страна и за неколку дена би имале потврда на тоа како ќе настапиме во следниот период – посочи Перински, на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчетот за првата година од мандатот.
Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, а за која и тој се споменуваше, Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него. Plusinfo
Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи прес-конференција. Republika
Генерално нашите очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани се на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински. Plusinfo