Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека историски најлошиот и најслабиот извештај од ЕУ за Македонија е потврда за застојот на земјата за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и тоа на секое поле.„Велат дека Македонија е погодена од странско мешање, хибридни закани, дезинформациски кампањи, сомнителни финансиски текови, тоа е задолжувањето од Унгарија од минатата година, но извештајот наведува и ризик од финансиска зависност од Кина.
Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што на македонскиот јазик му се заканува бришење од извештајот на Европскиот парламент.