Фото: „Нова Македонија“ Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија.
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република С. Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.
МАКЕДОНСКОТО МНР ОБЈАВИ СОС БРОЕВИ ЗА СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ ВО ИРАН И ВО ИЗРАЕЛ Еве каде да се обратите за помош Во составот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е формиран кризен штаб кој непрекинато ја следи ситуацијата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби од помош, поддршка и од асистенција.