По отворањето следува официјален брифинг за медиумите, а потоа и воведна панел-дискусија на тема: „Декада од Парискиот договор: Напредок, предизвици и иднината на Западен Балкан“, организирана во соработка со Министерството за животна средина и Амбасадата на Франција.
На вториот ден од форумот е најавено учество и на премиерот Христијан Мицкоски, на панелот на тема „Енергетската безбедност и транзицијата на Северна Македонија кон обновливи извори“. Skopjeinfo
Advertisement - Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ во Скопје денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан. Inovativnost