Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експропирани 560 парцели на трите делници.
Денес, со гордост и висока одговорност кон граѓаните, го најавуваме официјалниот почеток на работите за изградба на новиот автопат Тетово-Гостивар, капитален и стратешки проект за регионот и целата земја.
„Почитувани претставници на медиумите, драги пријатели, почитувани граѓани, Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а ништо не направија: ние не ветуваме празно, ние градиме!
Денес, како никогаш порано, државата е едно големо градилиште.