Зборувајќи за предложениот закон, Петрушевски кажа дека член 11 и член 21 предвидуваат различни институции како надлежни за иста постапка – Министерството за здравство, односно Комисијата – што создава правна неусогласеност, а член 25 остава впечаток дека треба да се формираат повеќе комисии („комисии од наведените несреќи“), што е спротивно на концептот на една, централизирана Комисија утврдена во член 17. - Законот предвидува финансиски надоместоци, без никаква анализа на бројот на корисници, ниту наведен извор на финансирање од соодветна програма во Буџетот. Kanal5