Добивај вести на Viber Откако вчера беа објавени имињата на кандидатите за градоначалници на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со своја оценка за истите.„СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев.
Ова не се кандидати на партиската база на СДСМ, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.
СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв.
Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.