Арагчи ѝ се заблагодари на Русија за нејзината поддршка и рече дека Москва е „на вистинската страна од историјата“.
Русија е подготвена да му пружи помош на Иран на различни начини, во зависност од тоа што ќе побара Техеран, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Сè зависи од тоа што му е потребно на Иран“, изјави Песков на новинарите на брифингот, додавајќи дека Русија веќе понудила свои медијаторски напори, нарекувајќи го тоа „конкретна форма на помош“.Тој, исто така, истакна дека Русија јасно го искажала својот став за војната меѓу Иран и Израел, што, како што вели, претставува важен чин на поддршка за Техеран.