„Денес во Охрид имав задоволство да се сретнам со претседателот на Република Албанија, г-дин Багај.
Посветено разговаравме за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Албанија и за важноста од продлабочување на регионалната соработка со цел стабилност, развој и целосна интеграција на нашиот регион во Европската Унија. 24info
За време на вчерашната еднодневна посета на Охрид, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.
Во објава на социјалните мрежи, претседателот Бегај го пофали придонесот на Албанците во Македонија како одлучувачки фактор во процесите на градење на државата и во поддршката на евроатлантскиот курс на земјата. Republika