Во периодот од 6 до 16 јули 2025 година, во седиштето на УНЕСКО во Париз се одржа 47. сесија на Комитетот за светско наследство.
Организацијата Охрид SOS, заедно со десетици други здруженија од Македонија, Албанија, регионот и Европа, жестоко реагираше по последната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој повторно избегна да го впише Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност, и покрај сериозните предупредувања од експертски мисии и еколошки организации.