Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и во таква една ситуација толку се слаби што во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е нивна продолжена рака, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на синоќешната трибина насловена како „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ која се одржа во Кичево, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од говорницата во Кичево го пофали усвојувањето на законите за зголемување на пензиите за 2000 денари и за ваучери за студентите во вредност од 15 300 денари.