Луксузни станови кои биле во сопственост на екс премиерот Никола Груевски вредни околу 2,5 милиони евра, се огласени за продажба.
Како што објави Фокус, станува збор за станови на Груевски кои биле конфискувани во случајот Плацеви на Водно, три од становите кои се ставени на продажба се наоѓаат во луксузниот комплекс Панорама на Водно, а два на Биххачка, место каде Груевски живееше пред да побегне од државава. Kanal5
Во огласот се наведува дека согласно законот, во наддавењето може да учествуваат сите заинтересирани, но не и брачен или вонбрачен другар, како и роднини на осуденото лице или лицето против кое се водела судска или прекрошна постапка.
Во март годинава имаше иземни во законот за управување со одземен имот, со кој се забранува учество на јавните аукции од страна на членови на смејество на пораншените сопственици. Kanal5