Facebook / Дирекција за заштита и спасување До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Republika
Таму се работи за шумски пожар каде што, според ЦУК, нема активен пламен, само чад во карпест дел.
Активни се и пожарите во местото Преовце во општина Куманово и во село Ругинце во Старо Нагоричане, на двете локации е зафатена ниска вегетација. Sitel