1 (16) ■ вести > македонија > бугарија > сдсм ■ 10-Jul 11:58 -> 10-Jul 16:37
.
.
.
.

Филипче: Никој од Бугарија не смее да ги навредува нашите институции, ја осудувам изјавата на министерот за надворешни работи на Бугарија

  • „ОВАА ВЛАСТ НЀ ВОДИ ВО ДЛАБОКА КРИЗА“ Според Филипче, СДСМ ги сочувал македонскиот јазик и идентитет, а ВМРО-ДПМНЕ ги загрозува

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски” премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството.

Оваа власт нè води во длабока криза, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој смета дека Извештајот на Европскиот Парламент од кој беа избришани македонскиот јазик и идентитет, не го загрозува посоењето на Македонскиот јазик и идентитет.

3 (32) ■ вести > свет > украина ■ 08-Jul 05:00 -> 10-Jul 16:45
.
.
.
.

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија

  • Урсула фон дер Лајен го „преживеа“ гласањето за недоверба

  • ЕУ објави 2,3 милијарди евра помош за обнова на Украина

  • Фон дер Лајен: Европа мора да ја зајакне својата економска и индустриска база

„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.

Со 360 гласови против, 175 за и 18 воздржани, предлогот за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше отфрлен.

Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија.

Пред една година, во моите политички насоки, зборував за потребата Европа да изгради вистинска надворешна економска политика, но сеизмичкиот и револуционерен пресврт во глобалните економски односи во последната година ја направи таа потреба уште поакутна, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ. – Но, секоја надворешна економска политика мора да започне дома, бидејќи прво треба да ја направиме нашата сопствена економска и индустриска база посилна и поотпорна на шокови, истакна Фон дер Лајен.

4 (12) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 10-Jul 13:07 -> 10-Jul 16:00
.
.
.
.

🎥 МВР му поднесе кривична на таткото кој со јажиња на врза ќерката: 11 годишното девојче живеело со него по разводот на родителите

  • (Видео) Татко од Ново Село ја тепал 11-годишната ќерка и го снимал насилството со телефон

Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ. -На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател.

Полицијата поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.Ч. од општина Ново Село, за кој постои сомнеж дека насилно се однесувал со својата 11-годишна ќерка и ја снимал со телефон.

5 (22) ■ вести > македонија > бугарија ■ 09-Jul 18:48 -> 10-Jul 17:00
.
.
.
.

Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот

  • Георгиев: Успеавме да спречиме ЕП да биде искористен за домашната политичка пропаганда на Мицкоски

  • Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ, тоа Северна Македонија мора да го има во предвид

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Софија успеала да спречи ЕП да биде искористен за домашна политичка пропаганда на премиерот на земјава Христијан Мицкоски.Нарекувајќи го „северномакедонски премиер“, Георгиев во денешното гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Мицкоски очигледно не бил воодушевен од развојот на настаните во неговата земја и почнал да води битки на надворешен план кои, како што оценува буѕгарскиот министер за надворешни работи, се покажуваат како јалови.

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница.

8 (8) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 10-Jul 12:05 -> 10-Jul 16:15
.
.
.
.

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка со сомнеж за предизвикување пожари на Ајватовски рид

  • ▷ Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера 09.07. на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепило, по што истите се лишени од слобода.

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода.

9 (16) ■ вести > македонија ■ 08-Jul 16:10 -> 10-Jul 14:18
.
.
.
.

Љутков: Како последица на негрижата на претходната влада, на Охрид му се заканува да биде ставен на листата културни богатства во опасност на УНЕСКО

  • Љутков: Ќе поднесеме амандман за повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот на УНЕСКО

Владата на денешната седница ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.

Владата на вчерашната седница ја разгледала информацијата и ги задолжила сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да поднесат амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

10 (20) ■ вести > македонија > хроника ■ 10-Jul 05:17 -> 10-Jul 11:00
.
.
.
.

Македонија во борба со огнените јазици - само вчера избувна 63 пожари

  • ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири

  • 9 активни, 4 под контрола, 43 изгаснати пожари

Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

Активни се 9 пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се 4 пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

11 (96) ■ вести > македонија > политика > сдсм ■ 08-Jul 06:43 -> 10-Jul 15:50
.
.
.
.

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес - Скопје1. мк

  • СДСМ: Инфлацијата расте, животот станува поскап, додека Мицкоски продава економски лаги

  • Мицкоски: Нема да дозволам ново предавство и ќе ги бранам македонските национални интереси

  • Мицкоски: Неправдите кон Македонија биле отсекогаш, само методите се различни

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборувајчи за Извештајот на ЕП за Македонија се обрати и до опозицијата, нагласувајќи дека, како што рече, нивните коруптивни политики доведоа Македонија да се соочува со национални компромиси.

Македонската опозициска партија, СДСМ, вели дека додека Мицкоски се појавува на телевизија секој ден и се фали со „рекорден раст“ и „успех“, секој граѓанин ги чувствува ужасните економски политики на владата.

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено.

Секогаш сум бил директен и искрен.

Повеќе од
оваа категорија

37 (55) ■ спорт > тенис > бугарија ■ 08-Jul 06:08 -> 10-Jul 12:30
.
.
.
.

Ѓоковиќ избори уште едно вкупно 14-то полуфинале на Вимблдон

  • Тренерот на Димитров: „Скршени“ сме, бевме близу до голем триумф над Синер!

  • Ѓоковиќ: За повредата ќе видам со физиотерапевтот, се надевам ќе бидам подготвен за полуфиналето

  • (Видео) Григор Димитров низ солзи го предаде мечот поради повреда

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во ново вкупно 14-то полуфинале за него на Вимблдон.

Тренерот на Григор Димитров, Џејми Делгадо, изјави дека сите во нивниот табор се „скршени“ од повредата на бугарскиот тенисер, поради која мораше да го предаде мечот против Јаник Синер.

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ запиша ново полуфинале на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.

Григор Димитров, бугарски тенисер, беше принуден да му го предаде мечот на Јаник Синер по крајот на четвртиот гем од третиот сет, иако во тој момент водеше со 2:0. Димитров заработи повреда на десната рака, а за време на медицинскиот тајм-аут беше јасно дека воопшто не станува збор за наивна ситуација.

66 (36) ■ спорт > фудбал ■ 08-Jul 07:30 -> 10-Jul 10:12
.
.
.
.

ВИДЕО: Фудбалска лекција за Реал, ПСЖ ќе игра за ПЕТТИ трофеј во сезоната!

  • Реал Мадрид и ПСЖ освен за финале вечерва играат и за богата награда: Еве колку ќе заработи победникот

  • СКП полуфинале: Мбапе против “своите“, европскиот шампион на мегдан со “кралевите“!

  • Познати се деталите за здравствените проблеми на Мбапе поради кои ослабна шест килограми!

Фудбалерите на ПСЖ рутински го решија полуфиналното дерби против Реал Мадрид (4-0) на Светското клупско првенство и ќе играат за петтиот трофеј во сезоната.

Реал Мадрид и ПСЖ освен за финале вечерва играат и за богата награда: Еве колку ќе заработи победникотДенеска на стадионот МетЛајф во Њу Џерси се игра второто полуфинале од Светското клупско првенство, каде што се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид.

За вечерва во 21 часот, на стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси, закажано е второто полуфинале на Светското клупско првенство.

Светското клупско првенство почна кошмарно за Килијан Мбапе кој поради гастроентеритис дел од деновите ги помина и во болница, Французинот ослабна шест килограми во тој период, па му беше потребно време да се врати.

Повеќе од
оваа категорија

104 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Jul 08:24 -> 10-Jul 10:15
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

  • ВМРО-ДПМНЕ: Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција, Македонија станува значајна енергетска крстосница во регионот

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на изградба на темелите и основата за енергетска стабилност во државата, како и сигурен и ефикасен енергетски систем за одржлив и модерен развој.

За разлика од минатите 7 години на нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор кој доведе до девастација на електро енергетските капацитети и неколку кратно зголемување на сметките за електрична и топлинска енергија на граѓаните сега се поставени темелите за енергетска стабилност и независност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

349 (4) ■ бизнис > економија ■ 09-Jul 17:30 -> 09-Jul 20:00
.
.
.
.

„Царинската управа имала клуч - заплени немало, а ни пари во буџетот не внесувале“

  • Голем интерес за брзата пруга

На денешната трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“, се обрати Бобан Николовски, директор на Царинска управа кој дискутираше за проблемите наследени од претходната влада како и за драстичната промена на подобро со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.„Така Царинската управа на Република Македонија требала во буџетот да внесе средства, меѓутоа средствата ги немало.

16 меѓународни финансиски институции и банки доставиле писмо за интерес за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10. Од министерството за финансии не ги открија нивните имиња, ниту пак колкава камата побарале за кредитот кој би ни го дале, само велат дека во наредниот период ќе направат анализа и евалуација на понудите.

92 (3) ■ сцена > култура ■ 10-Jul 07:43 -> 10-Jul 12:15
.
.
.
.

Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ во рамки на „Скопско лето“

  • ▷ Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт во Салонот 19’19. Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера на делото „Свадбениот танц на Влаина планина” од Ангел Спироски и со изведбата на „Dérive 1“ од композиторот Пјер Булез во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт во Салонот 19’19. Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера на делото „Свадбениот танц на Влаина планина” од Ангел Спироски и со изведбата на „Dérive 1“ од композиторот Пјер Булез во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

396 (4) ■ сцена > живот ■ 09-Jul 07:53 -> 09-Jul 17:15
.
.
.
.

Нова „Барбика“ која ги претставува лицата со дијабетес

  • НОВАТА КУКЛА БАРБИ ИМА ДИЈАБЕТЕС ТИП1 Куклата носи розов монитор за гликоза и инсулинска пумпа

Куклата е дизајнирана во партнерство со „Брејктру Т1Д“ (Breakthrough T1D) - водечка организација за истражување и претставување на лицата со дијабетес, којашто сега е дел и од линијата „Барби фашонистас“ (Barbie Fashionistas), објави Си-ен-ен (CNN). Криста Бергер, потпретседателка на брендот на компанијата „Мател“ (Mattel), вели дека нивните кукли го обликуваат позитивниот светоглед на децата.

НОВАТА КУКЛА БАРБИ ИМА ДИЈАБЕТЕС ТИП1 Куклата носи розов монитор за гликоза и инсулинска пумпа Други кукли во линијата Fashionistas вклучуваат слепа Барби која користи стап, Барби со Даунов синдром и Барби која користи инвалидска количка.

90 (2) ■ технологија > хај-тек ■ 10-Jul 13:24 -> 10-Jul 14:30
.
.
.
.

Супермен

  • Дубаи го отвори првиот ресторан управуван од вештачка интелигенција

Храната (засега) ја подготвуваат луѓе но сè друго – вештачката интелигенцијаХраната во „WOOHOO“ засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго, од менито до амбиентот и услугата, ќе биде дизајнирано од кулинарски модел генериран од вештачка интелигенција наречен шеф (готвач) Аиман (Chef Aiman). Аиман, комбинација од зборовите „AI“ и „човек“, е обучен врз база на децении истражувања за науката за храна, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од кулинарски традиции ширум светот, рече Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на „WOOHOO“.

WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи , на чекор од највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа, објави Индекс . Храната во WOOHOO засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго – од менито до амбиентот и услугата – ќе биде дизајнирано од кулинарски модел базиран на вештачка интелигенција наречен „Шеф Ајман“.

376926367 (8) ■ технологија > хај-тек ■ 09-Jul 10:24 -> 10-Jul 10:30
.
.
.
.

Нови контроверзии со Грок, Маск презеде мерки поради несоодветна содржина на X

  • „Грок“ чет-ботот на Маск се шашардиса: Го фали Хитлер, ги навредува муслиманите, Турција го забрани

Компанијата xAI, основана од Илон Маск, се соочува со остри критики поради серија навредливи и антисемитски објави што ги генерираше Grok на социјалната мрежа X. Како што пренесува Гардијан, Grok објавувал содржини со говор на омраза, по што компанијата итно реагирала со отстранување на спорните објави и ограничување на функциите на системот.

Вештачката интелигенција на Илон Маск повторно се најде во центарот на скандал откако четботот „Грок“, развиен во рамките на неговата компанија xAI, генерираше серија објави на платформата X (порано Твитер) во кои изразуваше восхит кон Адолф Хитлер и промовираше антисемитска содржина.