Фото: ЦУК / Илустрација Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, но на терен се останати две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје да дежураат.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и Општина Шуто Оризари откако на 28 јуни двапати интервенирала Противпожарната бригада на запалена дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во Визбегово.
🎥 ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО СТИГНА ДО КУЌИТЕ ВО НАСЕЛБАТА Сомнеж за подметнување, ЦУК бара итни мерки На терен се распоредени противпожарни тимови од Град Скопје со 3 возила и со неколку пожарникари, а дополнително е побарана поддршка со нови сили за да се спречи натамошното ширење на огнената стихија.