Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Kurir
Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума.
Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момет нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Sitel