ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Skopjeinfo
„ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека на ден 07.07.2025 година и покрај секојдневните апели и преземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.
Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот. Fokus
Како што и претходно информиравме, потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.
Воедно и апелираме до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Fokus