Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.
Фото: Facebook/Donald J. Trump Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.
Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) спроведе анкета меѓу своите следбеници за потребата од нова политичка опција.
Facebook / Donald J. Trump Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали ќе може да ја заврши војната во Украина, сосема поинаква изјава од неговото ветување на почетокот на неговиот мандат за брзо завршување на конфликтот.