На состанокот на Кризниот штаб беа донесени мерки за: поефикасна координација помеѓу институциите, побрза мобилизација на ресурси на терен, јасна комуникација и редовна проверка на потенцијално ризични подрачја.
Градоначалникот Стојкоски упати благодарност до Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, како и до поединци и жители на општината, кои доброволно се вклучија со сопствена механизација и помош во гаснењето на огнот. Tocka