За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст.
Ова беше пораката која европратеничката Ирена Јовева од Словенија на македонски јазик ја упати до бугарските европратеници на крајот од своето обраќање во Европскиот парламент на вчерашната дебата за извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава. Alsat
ЗА ДА ПОСТОИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ ТРЕБА ВАША ДОЗВОЛА Словенечка европратеничка на македонски им се обрати на бугарските европратеници Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.
Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница во Стразбур. Plusinfo