Сепак, наспроти тоа, мнозинството европратеници од партиите од т.н. „проевропско мнозинство“ во Европскиот парламент во синоќешната дебата по Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година, изразија поддршка за нејзините европски аспирации и за пристапување кон ЕУ. Највпечатлив беше настапот на словенечката европратеничка Ирена Јовева која изјави: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст.“ Јовева додаде и дека документот на Вајц е извештај за патот на земја кандидатка за членство, на кој таа е понижена од некои членки на Унијата. Pressingtv