Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на одбележувањето на Денот на полицијата им испрати порака на раководните лица во Бирото во која им порача дека функцијата не им е штит и дека никој не е над Законот. Denesen
И денес, кога ја носам одговорноста како директор на Бирото за јавна безбедност, ги носам истите вредности – чесност, лојалност, правда.
Тогаш, како и денес, верувам во идеалите и вредносниот систем на полициската професија – верувам во идејата дека полицијата е чуварот на државата, и дека униформата и значката што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ, нагласи Јанев. Denesen
Функцијата не ви е трофеј, таа е одговорност.
Не заборавајте дека никој не е вечен. Press24