Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на Самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости, беше посочено на денешниот брифинг.
Официјалниот дел на самитот во вторник ќе го отворат Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025 и Никица Мојсоска Блажески, извршна директорка на Македонија 2025. Kanal5
На овој панел е најавен и поранешниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер.
На тема „Трговија, талент и иднина на глобалните економски партнерства“ ќе говори амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во земјава, Абдула Али Атик Обеид АлСубуси. Nezavisen
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се очекува да има обраќање на затворање на Самитот Македонија 2025.
Во рамки на Самитот ќе бидат доделени награди за академска извонредност на Фондацијата Атанас Близнакоф. Nezavisen