ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто во споредба со претходната пресметка. Novamakedonija
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,705%, кај дизелот за 3,798%, кај екстра лесното масло за 3,483% и кај мазутот зголемувањето е за 3,238%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9891%. A1on