Министерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за прекугранична соработка, кои значајно придонесуваат за развојот на локалните заедници во повеќе области.
Во рамките на овие програми, во тек е успешната реализација на проектот „Паркови”, со соседна Бугарија, кој има за цел подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во Крива Паланка и бугарската Општина Дупница преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини. Plusinfo
Во рамките на овие програми, во тек е успешната реализација на проектот „Паркови“, со соседна Бугарија, кој има за цел подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во Крива Паланка и бугарската Општина Дупница преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини.
Во рамките на проектот, во близина на градскиот зелен пазар во Крива Паланка се уредува површина од 2000 метри квадратни, која ќе вклучува шест зелени острови, детски игралишта и други содржини за зајакнување на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животната средина. Press24
На средбата, разговараа за тековните проекти на општината и за реформскиот процес на Законот за локална самоуправа кој ќе донесе значајни придобивки за општините и за граѓаните.
Министерот ја нагласи и поддршката на Владата за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата во општините, а како пример за тоа, беше спомнат проектот за поставување монтажна катна гаража во Крива Паланка, која ќе го реши проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. Kanal5
Денес, министерот за локална власт, Златко Перински, ќе престојува во Општина Крива Паланка, како дел од иницијативата „Кадешто срцето е дома“.
За време на посетата, Перински ќе оствари средба со градоначалникот Сашко Митовски, членовите на општинскиот Совет и службениците во администрацијата на Општина Крива Паланка. Biznisvesti