1 (11) ■ вести > македонија > хроника ■ 06-May 15:24 -> 06-May 16:37
.
.
.
.

Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост

  • Асмир Јахоски излегува од притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра, а истовремено му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во судот.

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважи жалбата на осомничениот А.Ј. Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Република Северна Македонија.

3 (129) ■ вести > македонија > политика ■ 04-May 10:57 -> 06-May 16:11
.
.
.
.

Мицкоски и Таравари ќе ги продолжат разговорите за функционирањето на АА во Владата

  • Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

  • Утре средба Мицкоски – Таравари, за премиерот е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

  • Средбата Мицкоски-Таравари во 17 часот, за премиерот постоеле само две опции

Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов.

Министерот за здравство Арбен Таравари и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците (AA) реагираше преку Фејсбук во врска со вчерашните политички случувања.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори.

Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата.

6 (74) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 07:24 -> 06-May 15:24
.
.
.
.

МИЦКОСКИ: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

  • Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик

  • Сиљановска Давкова: Македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората отколку во татковината

  • Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во Македонскиот народен театар: Дами и господа, Почитувани сограѓани, Драги пријатели, „Јас се чувствувам како Македонец и сакам да бидам таков“, напиша Крсте Петков Мисирков.

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него.

Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје денеска во 10 часот организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

10 (22) ■ вести > свет ■ 05-May 17:31 -> 06-May 15:01
.
.
.
.

Ватикан го исклучува телефонскиот сигнал за време на конклавата

  • Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за конклавата за избор на нов папа

  • Ватикан ќе го деактивира сигналот на мобилните телефони за време на конклавата за избор на нов папа

Ватикан вчера соопшти дека ќе го прекине телефонскиот сигнал за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, што нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“.

Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда.

Ватикан соопшти дека ќе го прекине сигналот за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, објавија италијанските медиуми, а пренесува Си-ен-ен. Тоа, според соопштението од Ватикан, значи дека во среда на 7 мај од 15 часот сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан ќе бидат деактивирани.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

150 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

167 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-May 09:55 -> 06-May 09:30
.
.
.
.

▷ Комората испраќа јасни пораки

  • Бранко Азески Комората испраќа јасни пораки

Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и , многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење - угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во колумна вели дека комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места.