Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството Тој најави дека во текот на следните денови ќе бидат објавени сите детали.
Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.
На Самитот во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер.