Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
14
51.74
31.31
2.46/2.25
14.00
6.94
0.50
1586.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 14
26 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 304.9
Best clustering variants
26 0.99/0.01 2 304.9
17:15 h 20-May-2025
  • Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.
  • ◉ Укинати два члена од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик
14:45 h
  • Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме и науката и струката, ако има потреби Уставниот суд евентуално во иднина да се произнесе, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
  • Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки
12:45 h
  • Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
  • Уставниот суд е во потрага по решение за учество на независните кандидати на изборите
11:43 h
  • Прес конференција на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
  • Прес конференција на претседателот на Уставниот суд, Костадиновски
Kanal5

Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница на Уставниот суд на која ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори, нагласи дека станува збор за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека претходното правно правило не оживува и дека законодавецот „во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина“.

Во спротивно, евентуалното непостапување на законодавецот би значело дополнителна повреда и дополнително стеснување на основните слободи и права на човекот и на граѓанинот и тешка повреди на политичкиот плурализам, сите темелни вредности на нашиот правен поредок, изјави Костадиновски, нагласувајќи дека „во овој момент нема правно правило по кои услови независните кандидати ќе учествуваат на изборите“. Kanal5

Kanal5

Уставниот суд со мнозинска одлука на судиите ги укина оспорените одредби од измените и дополнувањата на Изборниот законик, оценувајќи дека се направени во скратена постапка, нетранспарентно, без јавна расправа и дискусија на собраниска седница, непосредно пред одржувањето на изборите во 2024 година, што појавува сомнеж дека овие измени во суштина се направени исклучиво во интерес на политичките партии со единствена цел да се намали бројот на независните кандидати на самиот почеток на изборната трка, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница на Уставниот суд на која ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори, нагласи дека станува збор за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека претходното правно правило не оживува и дека законодавецот „во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина“. Kanal5