Како што информираат од Факултетот, на Инфоденот ќе бидат презентирани можностите за соработка помеѓу македонските истражувачи и истражувачката мрежа на Европската комисија.
Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, одржливите материјали за изградба, паметната специјализација и индустријата 4.0. Оттаму дополнуваат дека Министерството за образование и наука неодамна потпиша Рамковен договор за истражување со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, со што се отвораат нови перспективи за развој на научните истражувања во Македонија. Alfa