Деветдецениската корпоративна историја и постапниот раст и развој на „Алкалоид“ на амбасадорот Ле Риголер му беа презентирани низ обиколка на компанискиот Музеј, во кој хронолошки, во декаден след, е претставена трансформацијата на „Алкалоид“ од скромен фармацевтски локалитет во современ глобален бренд зад кој стојат над 3.000 исполнителни вработени.
Официјалната работна посета на француската дипломатска делегација вклучи и обиколка на производствените капацитети во сегментот ПЦ ‘Фармација’, како и посета на компанискиот Институт за истражување и развој, каде беа презентирани современите технолошки процеси и иновативниот пристап во развојот на нови фармацевтски формулации и производи. Emagazin
Високоразвиената француска фармацевтска индустрија во просек учествува со околу 3% во вкупното глобално производство на лекови, со значаен придонес во истражувањето, развојот и извозот на фармацевтски производи.
Официјалната работна посета на францускиот амбасадор е од особено значење за компанијата и претставува одлична можност за продлабочување на досегашната соработка и за изнаоѓање нови форми на синергија меѓу „Алкалоид“ и француските фармацевтски компании. Plusinfo