Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сподели нова објава на социјалните мрежи за која, како што рече, „е за сите интелигентни и слободоумни граѓани, а на останатите им порача да не читаат“.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот профил на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, со серија критики за неговото однесување и, како што тврди, неспособност да го признае придонесот на Град Скопје во реализацијата на инфраструктурни проекти.