Republika
Тој изнесе 15 конкретни мерки на кои се фокусира Владата: инвестиции во инфраструктурата (подобри патишта, железници и енергетски мрежи), поддршка за домашните компании преку олеснети услови за работа, создавање нови работни места со фокус на младите, подобрување на условите за работниците (сигурност и достоинствено плати), програми за стабилност и развој на земјоделството, зголемување на пензиите и подобрување на социјалната заштита и унапредување на здравството (изградба на нови болници, современа опрема и квалитетен кадар). Меѓу мерките се и реформи во образованието, јакнење на борбата против корупцијата со нулта толеранција, промоција на конзервативните вредности како темел на стабилно општество, создавање програми за поддршка на семејствата, поддршка на културните и традиционалните вредности, програми за развој на малите и средни претпријатија, зголемување на транспарентноста во работењето на државните институции, како и јакнење на регионалната соработка со соседите на принципи на достоинство и национален интерес.
Мерките, рече Мицкоски, ќе се спроведат преку конкретни чекори, како имплементација на Новата енергетска стратегија која треба да обезбеди домашно производство, поевтина струја, национален инфраструктурен проект за автопати, железници, канализации, воведување државна гаранција за стартапи, специјална програма за младински субвенции за станбено домување, фонд за технологија и иновации за ИТ секторот, закон за заштита на домашното земјоделство и откупните цени, нови болници и дигитализација на здравството, реформа на образованието со фокус на вештини и домашен квалитет, масовна дигитализација на администрацијата, укинување на партизацијата во јавниот сектор, закони за гарантирана еднаквост пред судовите, лустрација на криминал во јавни набавки, национален план за враќање на младите од дијаспората. Republika