Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.
На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Vecer
Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции, изјави вицепремиерот Гавковски.
Важноста на дигиталната трансформација се гледа во тоа што овој сегмент е еден од клучните во Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ. Alfa