Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
42.91
22.44
0.55/1.03
6.00
3.23
0.54
595.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 516.6
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 516.6
Tocka

Муртезани и Бјере разменија мислења и за одлуката на Европската Унија, Северна Македонија да биде домаќин на Состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на имплементацијата на Планот за раст, кој наскоро ќе се одржи во Скопје.

Соговорниците се согласија дека Самитот, организиран во партнерство со Европската комисија, претставува признание за активната улога на Северна Македонија во процесот на структурирање и реализација на оваа стратешка иницијатива, но и важна можност за размена на искуства и координација на понатамошните чекори кон приближување до единствениот пазар на ЕУ. Министрите се осврнаа и на неодамнешните посети на високите претставници на Европската Унија и во тој контекст, беше заклучено дека е од клучна важност кредибилитетот на процесот на проширување да се зајакне преку конкретна поддршка, предвидливост и постојан ангажман на институциите и земјите-членки на Унијата, како и активно вклучување на регионот во настани организирани во рамки на Претседателството со Советот на ЕУ. Tocka