Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат два милиони денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен-обележје за починатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.
Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, беше изгласана со 68 гласа „за“, четири „против“ и без воздржани, претходно доби поддршка и од матичната комисија за финансирање и буџет и законодавно-правната комисија. Skopjeinfo
Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, беше изгласана со 68 гласа „за“, со 4 „против“ и без воздржани, претходно доби поддршка и од матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Средствата со одлуката се обезбедени со кратење од Потпрограма Д5 на Владата – Привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, каде Ставката 464 – Разни трансфери се намалува за 585.601.000 денари и од Потпрограма 60 на Министерството за економија и труд – Развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување, Ставката 464 – Разни трансфери за 242.264.000 денари. Plusinfo
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и на пленарна седница.
Целта на предложената одлука е обезбедување дополнителни средства во износ од околу 600 милиони денари наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства, како и 242,3 милиони денари реалокација од Министерство за економија и труд во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а наменети за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси, образложува Владата во Предлог-одлуката. Kurir